УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ТОПОЛ БРАН НАД МАКЕДОНИЈА: до средината на следната недела температурите во црвено
Управата за хидрометеоролошки работи објави предупредување до граѓаните на Македонија за нов топол бран кој ќе ја зафати земјата од средниата на следната недела.
- Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови - се посочува во објавата на УХМР.
Од УХМР објавија и детали за движењето на температурите, од каде може да се види дека ќе има големи разлики меѓу утринските и дневните температури.
Слично
