Економија, финансии, бизнис

Контакт

УХМР СО НОВО ЖОЛТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАВИ: има опасност од излевање на реките и во Скопје, Велес - во поголем дел од земјата

УХМР СО НОВО ЖОЛТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАВИ: има опасност од излевање на реките и во Скопје, Велес - во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи денеска објави нова мапа со предупредување за опасност од поплави во земјва. 

По интензивните врнежи кои вчера предизвикаа излевање и поплави во повеќе региони, особено во Западна Македонија, денеска УХМР предупредува дека поплави се можи и во северните делови од земјата, вклучително и главниот град, но и долж поврдарието и Велес. 

- Жолто ниво за предупредување од поплави - постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците - пишува во објавата на УХМР проследена со фотографија. 


УХМР објави и кои реки имаат највисок водостој и одтаму и најголема опасност од излевање. 

Прва е реката Вардар, во Полошкиот регион, каде честопати има излевање и поплавување на околните куќи. 

Исто така има опасност од излевање на реката Треска, потоа на реката Ресенска во Охридско-преспанскиот регион, но и реките Сатеска и Коселоска. 

И Црна река е со зголемен водостој и има опасност од излевање според објавата на УХМР, а сите детали може да ги видите од нивната објава: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести