УХМР СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОЖНИ ИЗЛЕВАЊА НА РЕКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - еве каде е најголема опасноста
Управата за хидрометеоролошки работи денеска со ново предупредување за зголемен водостој на реките.
По излевањето на реките во Битолскиот, Охридскиот, Ресенскиот регион, од УХМР најавуваат смирување на излевањата во овие региони, но се зголемува опасноста од излевање на реката Вардар, во горниот дел од течението, но и покрај сливот на реките Радика и Сатеска.
Предупредуваат дека е висок водостојот и на реката Треска, со опасност од излевање кај селото Пласница. Во опасност од излевање е и Црна река.
Дополнително од УХМР очекуваат обилни врнежи и денеска, поради што предупредуваат дека е можно заезерување и изливи на помали реки во Полошкиот регион, но и во Пелагонија, Струмичката котлина и во Гевгелиско- Валандовската котлина.
Еве ја нивната објава:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
