УХМР СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - поројните дождови продолжуваат и денеска, еве каде има опасност од поплави
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд најавуваат синоптичарите за денеска.
УХМР предупредува дека на одредени мест врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер.
Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Слично време не очекува и во текот на следните денови:

Воедно од УХМР предупредуваат дека поради обилните дождови можни се излевања на реките. Согласно нивното соопштение, водата во Охридско Преспанскиот регион се очекува постепено да се повлече, но поради обилните дождови можни се излеваа на реките Струмица, Брегалница, Пчиња и Крива...

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Ресен
Слично
