УХМР ПРЕДУПРЕДУВА - ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА РЕКИТЕ: споделија фотографија, еве каде се можни поплави
Поради обилните дождови кои се најавени за вечерва и утре, од Управата за хидрометеоролошки работи излегоа со предупредување за можни поплави во земјава.
Според фотографијата споделена на социјалните мрежи, опасност од излевање на реките има за делови од јужна Македонија, поточно околината на Дојран, Струмица, дел од долното течение на реката Вардар и околината.
- Хидро аларм за 26.01.2026 - постои потенцијална опасност од излевање на реките - пишува во објавата на УХМР.
Воедно на социјалните мрежи објавија и очекувања за утрешниот ден.
Фото: Архива
Слично
