Економија, финансии, бизнис

Контакт

УХМР најавува нестабилно време - деновиве носете си чадор

УХМР најавува нестабилно време - деновиве носете си чадор

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на променливо и нестабилно време. 

Во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што денеска и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, особено на северот и истокот од Македонија. 

Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе има и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.

Слично

Поврзани вести