Економија, финансии, бизнис

Контакт

УХМР и за денес најавува невреме

УХМР и за денес најавува невреме

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град“, велат од УХМР. 


Слично

Поврзани вести