Угринов: Македонска пошта со 5 милиони евра загуби! Имаме 240 жалби месечно за доцнење во испораките
Николче Угринов, заменик-директор на Македонска пошта, синоќа во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 укажа дека финансиското работење на Македонска пошта и натаму е во лоша состојба.
Угринов рече дека во 2025 година, Поштата забележала загуба од 5 милиони евра.
„Ја завршивме 2025 година со загуба од околу 5 милиони евра. И нема никаква разлика од 2024 година. Оваа загуба се зголемува од месец во месец“, рече Угринов.
Во врска со доцнењето во испораките, Угринов рече дека тие не доцнат толку како што се прикажува во медиумите.
„Секојдневно има поплаки од околу 10 граѓани, или околу 240 поплаки месечно“, изјави Угринов.
Слично
