УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СИ НАБАВАТ СВОИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ОДЛАГАЊЕ ОТПАД И ДА ОРГАНИЗИРАТ НЕГОВО СОБИРАЊЕ: Ѓорѓиевски вели, ќе треба да си склучат договори со Комунална хигиена
Угостителските објекти во Скопје до Нова година ќе треба сами да обезбедат контејнери за одлагање на отпад и да организираат негово редовно собирање. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во синоќешното гостување во Топ тема на ТВ Телма, истакна дека толеранција нема да има.
Како што нагласи тој, меѓу двете страни ќе се потпишува договор кој точно ќе ги утврдува обврските на двете страни.
„Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона“, изјави Ѓорѓиевски.
Слично
