Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите и надлежните на заедничка маса - уште не се знае ништо за локалите

Угостителите и надлежните на заедничка маса - уште не се знае ништо за локалите

Се уште не се знае кога ќе се отворат кафулињата, рестораните и другите локали во земјава. Угостителите вчера се сретнале со претставници на Комисијата за заразни болести, но нема детали дали и што е договорено. 

Она што се знае е дека угостителите бараат да бидат вклучени во носењето на одлуката, за таа да биде поволна и за нив, но и притоа да биде заштитено здравјето на граѓаните. 

На крај ќе пресече Комисијата за заразни болести.

Од понеделник Србија и Словенија ќе ги отворат угостителските објекти, додека пак Црна Гора на 18 овој месец. Албанија се уште анализира кога и каков ќе биде протоколот за отворање на угостителските објекти.

Првичните најави беа дека во земјава локалите ќе се отворат на средината на месецов, и токму за таа цел почаа преговорите со угостителите, за измените што ќе мора да ги направат кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти, за да може и да работат, и притоа да се спречи ширењето на коронавирусот КОВИД-19.

Според најавите од надлежните, отворањето на локалите ќе оди постепено, а условите што ќе мора да ги исполнат е задолжително миење на рацете, носење маски, и држење на социјална дистанца.

На почетокот ќе се отвораат терасите, а потоа и затворените простории.

А во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат шеговити фотографии за тоа како ќе изгледаат локалите по отворањето, откако беа затворени од корона кризата.

Меѓу нив се поставени паравани, така што гостите не можат да се видат, а тешко ќе биде и да поразговараат. Во Србија е најавено поставување на паравани меѓу гостите, а ќе мора да се држи и социјална дистанца.

Слично

Поврзани вести