Угинат жив свет од темна супстанца истечена во Дебарско езеро, можна казна затвор до 10 години
Државниот инспекторат за животна средина поведе истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро, по истечена темна супстанца, откако на 20 март локалната полиција го забележала случајот.
„Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот даде насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, беше спроведено во текот на денот.
На 22-ри март инспекторот беше на терен со Началникот на одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар“, соопштија од инспекторатот.
Јавното обвинителство треба итно да издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето. За ова дело предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години, или парична казна.


Слично
