Угина жирафата Тобого од скопската зоолошка градина
Од Зоолошката градина во Скопје, вечерва соопштија дека угинала жирафата Тобого.
Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.
„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, додаваат од Зоолошката.
Роден е во Франкфурт во 2010 година, а жител на Скопје ЗОО беше од 5.11 2013 година.
Слично
