Економија, финансии, бизнис

Контакт

УГЕ Шалке ги разбесни Грците - Гелзекирхен преполн со македонски знамиња

УГЕ Шалке ги разбесни Грците - Гелзекирхен преполн со македонски знамиња

Навивачката група УГЕ Шалке која е збратимена со „Комити“ од Скопје на вечерашниот натпревар против солунски ПАОК им возврати на грчките националисти кои истакнаа парола „Македонија е една и таа е тука“. 

Затоа стадионот во Гелзекирхен беше преполн со македонски знамиња што е директна поддршка за вардаровите навивачи. Инаку на првиот меч во Солун беше забренето навивачите на Шалке да истакнуваа македонски навивачки обележја, а исто така влезот им беше забранет и на македонци. 

Од УЕФА се уште нема реакција за националистичките пароли кои беа истакнати на стадионот во Солун што е директно прекршување на правилата. За потсетување во 2013-та германската полиција жестоко реагираше во обид да одземе македонско знаме на навивачите на Шалке при што дојде до огромни инциденти со голем број на повредени и приведени исто така на натпревар против ПАОК. 

Оваа година Шалке се пласираше во следната фаза на Лигата на Европа со резултат 4:1 против ПАОК.

Слично

Поврзани вести