Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЕФА: Ти благодариме Скопје

УЕФА: Ти благодариме Скопје

Европската куќа на фудбалот не зажали што го одбра Скопје како град домаќин на атрактивното финале во Супер купот каде помотивиран и подобро подогтвен беше тимот на Реал Мадрид кој освои нова титула по таа во Лигата на Шампионите. 

Натпреварот беше доста динимичен и убав за око, фановите беа прегласни, а низ главниот град владееше фестивалска атмосфера со многу насмевки, навивачки песни и дружење. Токму тоа го цени УЕФА и на својата Фејсбук страница објави кратко видео со порака „Ти благодариме Скопје“.

Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност до премиерот на Република Македонија - Зоран Заев и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за одличната организација и домаќинството на европскиот Суперкуп.

УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја „фантастичната организација“ на Суперкупот.


Слично

Поврзани вести