УЕФА реагирала Али Ахмети да не фрла лопати со нејзини пари
УЕФА наскоро ќе побара објаснување и дополнителни информации од Фудбалската федерација на Македонија во врска со поставувањето на камен-темелникот на трибината на Фудбалскиот клуб Шкупи што се одржа вчера во Чаир, односно за присуството на политичарите на ДУИ на настанот, објави Лајм.
Присуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, како и другите, на настанот му даде политички карактер она спортот, што е против принципите на Европската фудбалска централа и од таму се загрижени дека овој проект финансиран од париет на УЕФА се злоупотребил за политички партиски митинг.
"Недозволиво е спортскиот проект, кој е финансиски поддржан од УЕФА да биде политизиран", велат извори за весникот Лајм блиски до европската куќа на фудбалот.
Според нив, уште позагрижувачки за УЕФА е фактот дека политичарите кои учествувале во формирањето на камен-темелник се под истрага за кривични дела.
Новата трибина на стадионот во Чаир ќе има капацитет за 1792 места. Се гради со средства додеени од проектот УЕФА хет трик за изградба на инфраструктура. Чаирските фанови велат дека овој свечен настан беше нарушен со присуство на претставници на политичка партија, а весникот тврди дека функционерите на ДУИ со своето присуство го оцрниле претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.
