Заменик генералниот секретар, Кевин Ламур, испрати писмо во име на Европската куќа на фудбалот во кое се вели дека УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа.
УЕФА додава во службената комуникација со Грција дека го користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ како соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.и дополнува дека нема да дозволи „европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и дека ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност“.
