Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЕФА ја стартуваше продажбата - Билетите за Супер купот не може да се пренесуваат

УЕФА ја стартуваше продажбата - Билетите за Супер купот не може да се пренесуваат

На официјалниот веб сајт на УЕФА стартуваше резервацијата на билети за претстојниот Супер куп кој на 8 август се игра во Скопје на националната арена меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. 

Македонските навивачи како и сите други ќе може да учествуваат во онлајн резервациите со неколку категории на билети од 15 и 40 евра, а ќе имаат право на само 4 влезници кои ќе гласат на лично име и нема да може да се пренесат на друго лице со цел да се спречи препродажба и злоупотреби.

На веб страната на УЕФА има и македонска верзија на делот за продажба на билети каде треба да креирате ваш профил и да ги внесете личните податоци како и методот на плаќање.

Слично

Поврзани вести