УЕФА ги истакна Вардар и Милан како најдобри тимови на колото
УЕФА на својот официјален веб сајт го посочи скопски Вардар како екипа која прикажа најголемо изненадување во плејофот за групната фаза на Лига Европа откако со 2 гола разлика на домашен терен на националната арена го совлада фаворизираниот тим на турски Фенербахче кој распола со стотина милиони евра буџет и голем број на фудбалски ѕвезди.
Исто така УЕФА му укажа и признание на Милан кој со 6:0 ја декласираше Шкендија од Тетово со што постигна победа со рекорден број на постигнати голови во евро натпреварите во својата историја и покажа дека ќе биде сериозен претендент на европско тло сезонава.
Следната недела Вардар во Турција на гости кај Фенербахче ќе се обиде да си ја резервира визата за Лига Европа, додека пак Милан ќе гостува во Скопје каде навивачите на Шкендија ќе може да го видат италијанскиот гигант и да се простат од европските натпревари за оваа сезона.
Слично
