Економија, финансии, бизнис

Контакт

Удвоени затворските казни за случајот „Модуларна“

Удвоени затворските казни за случајот „Модуларна“

Наместо казната затвор од една и пол година што ја изрече Основниот суд во Тетово, двајцата поранешни директори на Клиничката болница во Тетово ќе отслужат по три години затвор.

Апелациониот суд во Гостивар донесе одлука со која ги удвои затворските казни за Флорин Бесими и Артан Етеми, во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.

„Пресудата е изменета во делот на одлуката за кривичната санкција и во делот на одлуката за имотно-правното барање, така што обвинетите Ф.Б. и А.Е., кои со првостепена пресуда беа прогласени за виновни за кривичното дело Тешки дела против општата безбедност, се осудени на по 3 години затвор, додека правното лице Клинички центар - Тетово, кое со првостепена пресуда беше прогласено за виновно за кривичното дело Предизвикување општа опасност, е осудено на парична казна од 1.300.000 денари“, велат од Апелациониот суд во Гостивар.


Слично

Поврзани вести