Удвоен бројот на вработени во индустриските зони, расте и извозот
Над 760 милиони евра добивка од извозот направиле компаниите кои произведуваат во индустриските зони во земјава, смета директорот на Дирекцијата за технолошко –индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Станува збор за компаниите во ТИРЗ Штип, Скопје 1 и Скопје 2.
Ако лани овде имало 1.270 вработени, бројката сега е двојно зголемена, посочи Мизо, а најави дека догодина и извозот ќе се расте за 50 отсто или до 1,2 милијарди евра.
„Учеството на извозот од индустриските зони во вкупниот македонски извоз може да стигне и до една третина“, рече тој и појасни дека до 2015 година се планира да профункционираат сите 14 планирани индустриски зони. Вели дека се почнати активностите во Кичево, Гевгелија и Прилеп, има камен-темелник за зоните во Струмица и Тетово.
„Догодина ќе се реализираат и активностите за зоните во Радовиш, Струга, Делчево, Берово и Виница“, додаде Мизо.
Како најважно годинава го посочи отворањето на втор погон на „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“ и „Технохозе“, но и отворањето на „Ван Хул“. За позитивното искуство говореше и Џатин Такрир, директор на „Џонсон Мети“.
„Голем дел од опремата што ја купивме е произведена во Македонија, од локални снабдувачи. Дел од оваа опрема и потрошните материјали што се користат во производството завршуваат и кај нашите сестрински компании, што е добро за Македонија “ изјави Такрир пред новинарите.
Слично
