Удрил во автомобилите на Бугарската амбасада во Скопје и побегнал
Непознато лице со својот автомобил удрил во возилата на Амбасадата на Бугарија во Скопје и понбегнал од местото на настанот, објави МВР.
Според полицијата, оштетени се автомобили „мерцедес“ и „бмв“ во сопственост на дипломатското преставништво, а во моментов се трага по непознатиот сторител.
„На 10.09.2022 во 03.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред Амбасадата на Р.Бугарија, патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, удрило во канделабра за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес“ и „бмв“, сопственост на Амбасадата и го напуштило местото на незгодата“, се вели во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
