УДРИЛ ПЕШАК И ИЗБЕГАЛ, полицијата трага по сторителот, повредениот пренесен на клиника
Во текот на вчерашниот ден во центарот на градот повозрасен пешак бил повреден од автомобил при што се здобил со тешки повреди.
Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата, а пешакот бил пренесен на клинички центар.
- На 15.09.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.В.(76) од Скопје пријавил дека на 13.09.2022 околу 12.30 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје бил удрен од патничко моторно возило, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот - се наведува во извештајот на МВР.
Слично
