Економија, финансии, бизнис

Контакт

Удрени темелите на индустриската зона кај Ранковце

Удрени темелите на индустриската зона кај Ранковце
Вкупно 18 градежни парцели во два блока, на површина од 40 хектари, се предвидени во новата технолошко-индустриската развојна зона во општина Ранковце, која започна да се гради денеска. За изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура до зоната, Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра. Според премиерот Никола Груевски, пресудно за новата индустриска зона да се гради токму во Ранковце била локацијата. „Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики“, во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт кон нивната посакувана дестинација“, истакна Груевски. Според него, придобивките се повеќекратни затоа што изградбата на зоната ќе значи предуслов за нови инвестиции и отворање на нови работни места. Досега во функција се двете зони во Скопје, Штип и Тетово, а во тек се градежните активности во зоните во Кичево, Гевгелија, Прилеп, Струмица и Битола. Во фаза на подготовка се документите за отпочнување со градба и на зоните во Радовиш, Струга, Делчево, Виница и Берово.
Слично

Поврзани вести