УДИРА ЛИ АХМЕТИ ПО „ОГНЕНИТЕ“? - Бујар Османи на местото на Изет Меџити на чело на чаирскиот огранок
Потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити за ТВ21 ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за именување на Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир.
Тој за ТВ21 вели дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи.
„Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, изјави Меџити во изјава за ТВ21.
Ова следува откако, според сознанија на ТВ 21, ДУИ го именувала Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, дознава ТВ21.
Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.
Ваквата одлука доаѓа по тензичниот период внатре во партијата, која е поделена во две групи. Групите се делат на оние кои се функционери во Владата и кои ги поддржува претседателот Ахмети, како вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, додека пак од другата страна е „Огнената Група“ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети, кои ја критикуваат работата на овие министри. За потсетување, претходно како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити.
