Економија, финансии, бизнис

Контакт

УДАР ЗА ЛЕ ПЕН: ЕП започна постапка за одземање на нејзиниот пратенички имунитет

УДАР ЗА ЛЕ ПЕН: ЕП започна постапка за одземање на нејзиниот пратенички имунитет

Европскиот парламент започна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на лидерката на француската партија "Национален фронт" и претендентка за претседателската функција во Франција Марин Ле Пен. 

Според Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) некои помошници на Ле Пен биле назначени фиктивно на европска служба, додека во тоа време продолжиле да ги извршуваат своите должности и кон "Национален фронт". 

Во врска со тоа лидерот на партијата треба да врати сума од 340 000 евра, исплатени порано на нејзините соработници. 

Досега на двајца поранешни помошници на Ле Пен им се покренати обвиненија за проневера на имот.

На 14 април овој месец француските истражни власти упатија барање до Европскиот парламент за лишување на кандидат-претседателот и пратеникот од нејзината партија Мари-Кристин Бутоние од пратенички имунитет.

Слично

Поврзани вести