Училиште во Мала Речица исклучено поради неплатени сметки за струја
Основното училиште Наим Фрашери во тетовска Мала Речица две недели работи без струја, затоа што операторот ја исклучил електричната енергија поради неплатен долг, објави ТВ21.
Директорот на училиштето Назиф Ајдини одбил да даде објаснување пред камерата зошто нема струја, а учениците се обврзани да следат настава во ладни простории.
Наместо тоа, директорот побарал од екипата да ја напушти училишната зграда со закана дека ќе повикал полиција.
Слично
