Економија, финансии, бизнис

Контакт

Училиштата ќе се затворат ако има целосен карантин

Училиштата ќе се затворат ако има целосен карантин

Засега не е планирано затворање на градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение. Бројките покажуваат дека бројот на заразени ученици и наставници е низок и не се извор на трансмисијана вирусот. Евентуално затворање може да има ако има целосен „локдаун“ што засега не е опција воз емјава, барем ако се суди по изјавите на надлежните. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера рече дека според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19 и додаде дека се додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеноста кај учениците и 0,6 проценти кај наставниците. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на Ковид внатре во училиштата. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел. Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото, потенцира министерката за образование, рече Царовска. 

Слично

Поврзани вести