Училишната година на прагот, корекции се уште се вршат во учебниците
Следната училишна година 2018/2019 конечно би требало да мине со учебници за средно образование без фамозните грешки кои ги следеа во содржините изминатите години, ако се суди според доцнењето со продукцијата по потпишаните договори со издавачките куќи од страна на Министерството за образование и наука.
Доставата на учебниците до училиштата издавачите имаат можност да ја направат дури до 7 септември, а и по тоа доколку испрати известување дека доцнат поради оправдани причини.
Засега нови учебници за средно образование нема поради интензивните корекции што се вршат, иако училишната година е на прагот.
Слично
