Учете странски јазици за подобра заработка во иднина
Учењето странски јазици е гаранција за успех и напредок во професијата и поголема конкуренција на пазарот на трудот.
Во време кога повеќето луѓе добро го говорат англискиот јазик, не е на одмет да се научи и втор јазик, било да е тоа германски, француски, италијански, шпански.
Германскиот јазик се препорачува да се научи затоа што Германија е моќна економија и како таква нуди многу можности за вработување.
Шпанскиот јазик е добро да се научи бидејќи покрај Шпанија се говори во земјите од Латинска Америка.
Кинескиот и рускиот јазик е добро да ги владеете поради добрите бизнис прилики и можности за увоз-извоз.
Францускиот јазик со 32 отсто е најизучуваниот јазик кај децата во Европската Унија и има повеќе од 650 милиони говорители.
Италијанскиот јазик припаѓа на романската група јазици и него го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот дел живеат во Италија, Сан Марино и Швајцарија.
Според истражување направено во САД, вработените кои зборуваат повеќе странски јазици заработуваат 7.000 долари повеќе од своите колеги.
Слично
