УЧЕСТВУВАЛ ВО ИЗВЛЕКУВАЊЕ ДЕВОЈЧЕ ДУРИ СЕДУМ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ - еве го успехот на тетовски алпинист
Тетовскиот алпинист Надир Мурсели денеска од турскиот град Кахраманмараш за Канал 5 испратил информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите.
Тој сам заминал во Турција каде се приклучил на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче.
-Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала.Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.
Фото: ЕПА
Слично
