Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учесничка на протести на „Шарена револуција“ избркана од работа

Учесничка на протести на „Шарена револуција“ избркана од работа

Подофицерката Јасмина Дуриќ, која учествуваше на протести на „Шарената револуција” доби отказ. 

Таа повеќе не е повеќе вработена во Министерството за одбрана.

Во изјава за 24 Вести, вели дека отказот официјално не го добила на домашна адреса,  но нема плата, ниту социјално и здравствено осигурување, иако неколку месеци  била  на боледување. Правдата ќе ја бара на суд и ќе го тужи Министерството за одбрана. 

Дуриќ смета дека причината за отказот е нејзината отворена поддршка и учество во протестите на „Шарената револуција“. Претходно Дуриќ беше прекомандувана од позицијата референт за логистика во Министерството за одбрана во Скопје, и префрлена на позицијата командир на магацинот за храна во касарната во Кичево.


Слично

Поврзани вести