Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученик во Скопје на час составувал список со имиња на ученици додека се зборувало за масакрот во Србија

Ученик во Скопје на час составувал список со имиња на ученици додека се зборувало за масакрот во Србија

Ученик од скопско основно училиште се заканувал со список на ученици кои сака да ги повреди, а наставничката веднаш реагирала до надлежните.

Од основно училиште на подрачјето на Центар денеска пријавиле во полиција дека ученик додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици. Од страна на службите во училиштето повикан е родителот и извршен е разговор со истиот, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Во Србија имаше два масакри пред неколку дена. Ова поттикна бран закани за насилства во регионот. Министерството за образование и наука отвори мејл на кој граѓаните, родителите, младите можат да пријават врсничко насилство. Десетина пријави веќе има. 

Слично

Поврзани вести