Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученик прободен со нож во скопско „Петар Здравковски – Пенко“

Ученик прободен со нож во скопско „Петар Здравковски – Пенко“

Петнаесетгодишен ученик е повреден со нож во вратот од страна на соученик во тепачка што се случила вчера изутрина околу девет часот во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во населбата Чаир.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека тепачката настанала  помеѓу двајца ученици на 15-годишна возраст од Скопје. На ученикот му е укажана лекарска помош во Клинички центар Скопје, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување.


Слично

Поврзани вести