Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученик паднал од трет кат во Прилеп, итно префрлен во Скопје

Ученик паднал од трет кат во Прилеп, итно префрлен во Скопје

Ученик на 11-годишна возраст се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од прозор од трет кат во основното училиште  “Гоце Делчев” во Прилеп,пренесуваат локални медиуми.

Поради сериозноста на повредите, момчето е препратено од прилепската болница “Борка Талески” на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Шестооделенецот имал скршеници на пршлените, но и на едната петица.


Слично

Поврзани вести