УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството
Обвинителството поведе постапка за случајот во велешко училиште каде ученик претепа друг ученик и му нанесе тешки телесни повреди.
Основното јавно обвинителство Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште.
„Во постапката се преземаат повеќе дејствија за овој случај од страна на повеќе лица и институции“, велат од ОЈО-Велес.
Цветанка Боговеска, јавна обвинителка за подрачјето на Општина Велес, денеска изјави дека полицијата во петокот, 6 декември, во Јавното обвинителство Велес испратила известување за инцидент во кој врсник и соученик во ООУ „Блаже Конески“ претепал и тешко повредил 12-годишно дете. Инцидентот се случил на 20 ноември во училиштето, кога за време на одмор, 12-годишниот ученик повредил врсник од одделениот и му нанел тешка повреда на главата.
Повредениот ученик од Општата болница во Велес итно е пренесен на Клиниката за неврологија во Скопје, од каде по неколкудневно болнички престој е пуштен на домашно лекување.
Врсничното насилство е сериозен проблем во Македонија. Деновиве две основни училишта во Скопје бојкотираа настава поради насилен ученик. Претходно во Ѓорче Петров, двајца ученици со тврд предмет се обиделе да силуваат ученик.фото: Google Street View
