Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученик од Битола објавил список за „ликвидација“

Ученик од Битола објавил список за „ликвидација“

Ученик од Битола од закани на социјалните мрежи кон свои соученици до закани испишани на ливчиња во училиштето,  предизвика паника во ОУ „Стив Наумов“.

За случајот, според неофицијални информации, била известена полицијата, а на родителите  им било посочено дека ученикот привремено нема да посетува настава со физичко присуство, туку ќе следи онлајн настава.

Ливчиња на  кои стои закана за сигурноста и безбедноста на учениците од 7мо-в одделение во ОУ „Стив Наумов“ предизвика вознемиреност кај учениците и нивните родители кои од училиштето веднаш побарале помош од наставниците и директорот. Ова не бил прв случај седмоодделенците од ова училиште да се предмет на закани на истиот ученик. Непристојни коментари и закани биле адресирани до нив и преку социјалните мрежи и на случајни средби надвор од училиштето. Но, вчерашната реакција била посилна затоа што заканата по сигурноста на животот на учениците имала и конкретен датум, пренесува Тера. 

Во соседна Србија пред три години имаше масакр каде ученик уби девет лица во своето училиште. 

Слично

Поврзани вести