Ученик нападнал врсник со нож во училиште во Тетово
Министерството за внатрешни работи соопшти дека малолетник му нанел рана со нож на друг малолетник во училиште во Тетово.
Министерството за внатрешни работи не наведува за кое училиште станува збор, а случајот го пријавил таткото на ученикот.
„На 05.06.2025 година, во 13:40 часот, во Полициската станица Тетово, Ш.Т. (54) од Тетово пријавил дека во основно училиште во Тетово, неговиот малолетен син бил нападнат од друг малолетник, кој со остар алат - нож, му нанел посекотина на прстот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Слично
