Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Со пиштол на дијаболи вчера во периодот од 09:00 до 09:30 часот, во училница на основното училиште во Чаир, малолетна ученичка била повредена при што била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за медицинска помош.

Ученик дошол со пиштол на дијаболи дента во училиштето, а настанот се случил откако негов соученик му го одзел оружјето и испукал дијабола што ја погодила ученичката.

„Нашите полициски службеници веднаш реагираа по пријавата и излегле на местото на настанот. Пиштолот бил одземен од вработените во училиштето, а увидот го изврши екипа од ЕВР Чаир. Во тек е целосно документирање на случајот и по завршувањето на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјавија од полицијата.


Слично

Поврзани вести