УЧЕНИЦИТЕ ЗА ДВА ДЕНА СЕДНУВААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ: Колку се подготвени школите за настава со физичко присуство?
За два дена почнува новата учебна година. Учениците ќе се вратат во училиштата со физичко присуство, а ѕвончињата повторно ќе ѕвонат.
Наставата почнува за сите, освен за оние со хронични болести, деца со ретки болести или попречености кои може да бидат ослободени по барање на родителите.
Сепак, она кое многумина се запрашаа дали училиштата навистина се подготвени за настава со физичко присуство.
Наставникот Гоце Бумбароски неодамна во интервју за Женски магазин, даде одговор на ова прашање.
-На учениците и на наставниците местото им е во училница, тоа е неспорно. Сите ние тоа го посакуваме повеќе од било која друга опција. Но прашање е дали училиштата се подготвени за настава со физичко присуство? Веднаш да Ви одговорам – Не се...кажа тогаш Бумбароски.
-Со оглед на тоа што изминатата учебна година предавав во второ одделение па со поголемиот дел од моите ученици имавме среќа да одржуваме настава со физичко присуство, но имав неколку ученици кои цела учебна година ја проследија онлајн, па со тоа “скромно” искуство можам да кажам дека предност на онлајн наставата е тоа што можете да им ја видите насмевката на учениците (при настава со физичко присуство тоа не е возможно поради маските).
Недостатоци на онлајн наставата има повеќе, па ќе кажам само дека таа беше добра алтернатива, но лошо решение-кажа Гоце за онлајн наставата.
Родителите ппак, на оваа тема се поделени, дел се за физичко присуство а делумно одлулуваат за онлајн настава,