Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УЧЕНИЦИТЕ УЧАТ ВО СТАКЛЕНИК, ГИ ЗЕМАМЕ ДЕХИДРИРАНИ ОД УЧИЛИШТЕ“: Миа Костова го крена гласот, се огласија и други родители

„УЧЕНИЦИТЕ УЧАТ ВО СТАКЛЕНИК, ГИ ЗЕМАМЕ ДЕХИДРИРАНИ ОД УЧИЛИШТЕ“: Миа Костова го крена гласот, се огласија и други родители

Високите температури направија хаос на социјалните мрежи, посебно кај родителите на ученици. Со оглед на тоа дека е жешко, во голем број училишта температурите во училниците се прилично високи. Токму од тие причини, Миа КОстова на нејзиниот фејсбук профил објави дека нема да го носи нејзиниот син на училиште, бидејќи е премногу топло.

„Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 - неклиматизиран простор. Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа. Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома па ќе се договараме за пропуштем материјал“, напиша таа.


Овој нејзин пост предизвика лавика од реакции. Некои ја поддржаа некои пак сериозно ја критикуваа.

Фејсбук заедницата ја осуди инфлуенсерката за ваквиот став, со објаснување дека сите ние сме пораснале во исти услови и ја обвинија дека таа се однесувала разгалено.

„Вашите разгалени деца се одраз на вас, почитувани разгалени родители“, напиша наставникот Гоце Бумбаровски.


Костова сепак продолжи со реакциите за училиштето.

„Промени се случуваат кога не се почнува со реченицата ‘ама во наше време, ај па нас шо ни фалало, ќути има и полошо, како за сите така и за мене. Ако било што се помести, ќе ве прашам што направивте вие освен што седите ко трутови, коментирате и се пењавите и прифаќате сѐ што ви се сервира?

Не само што нашето “најмодерно” училиште нема клима, нема никаков систем на вентилација, само 2-3 прозори во секоја улична од 50м2 кои се оствараат за само 25 степени. Има стаклена фасада која дополнително ја зголемува температурата и не можност сами да си поставиме клима за да не ја нарушиме естетиката.

Децата секој ден си ги земаме дехидрирани, секоја чест на наставниот кадар што издржува“, продолжи Костова. 


По неколкучасовните препукувања на социјалните мрежи, почнаа да се јавуваат и други родители чии деца посетуваат настава во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.

„Реакцијата на дел од јавноста поради тоа што ние како родители на деца кои учат во О.У Киро Глигоров, сме побарале да се климатизира училиштето, ме запрепасти. Значи ние не сме размазени родители кои бараат не знам какви луксузни услови, ние бараме температурата во училницата за да може да работат и децата и наставниот кадар кој не ми е јасно зошто молчи. На родителската беше 37 степени, во 12 на пладне е сигурно +50 степени. Училиштето е изградено со стаклена фасада, која дополнително го загрева просторот, прозорците се отвараат на кипење и тоа секој втор, значи не се тоа соодветни услови за работа, нема ладење ниту вентилација. Ако поради фактот што како родители бараме разрешница за ова прашање кое секоја година се повторува, срамно е да бидеме навредувани и напаѓани за она што како родители имаме право да го бараме. "Во наше време" е слоган на неделава, ама да останело се така, уште ќе раѓавме по ниви и ќе перевме во Вардар. Наместо сите заедно да се обединиме за подобро денес на нашите деца. Срамно и јадно!!!“, се вели во една објава на родител.




Слично

Поврзани вести