Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЧЕНИЦИТЕ ОД УТРЕ КОНЕЧНО БЕЗ МАСКИ? Секој момент се очекува Владата да ја донесе одлуката

УЧЕНИЦИТЕ ОД УТРЕ КОНЕЧНО БЕЗ МАСКИ? Секој момент се очекува Владата да ја донесе одлуката

Во моментов се уште трае редовната седница на Владата, а се очекува министрите да ја усвојат одлуката со која учениците во основните училишта ќе се ослободат од носењето маски за време на часовите. Во петокот, Главниот координативен кризен штаб на седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта да посетуваат настава без маски, што значи дека сосема извесно е дека оваа одлука денеска ќе биде донесена.

Сепак обврската за носењето маски останува за наставниците и другите вработени, а како што првично беше кажано од страна на Комисијата за заразни болести, маски може да носат и оние деца кои сметаат дека треба и понатаму да се штитат од корона вирусот.

Комисијата за заразни болести пред две недели, врз основа на епидемиолошката состојба, препорача да се олабави мерката за носење маски, а како што пишуваше Фактор и родителите и учениците, оценија дека конечно ова мора да се реализира.

-Сметаме дека задолжителното носење маски во училница е целосно бесмислено, особено што процентот на заразени ученици со ковид во училиштата е многу низок. Заштитните маски, освен во јавниот превоз и главно во продавници, веќе никаде никаде не се носат.  На работните места и во институциите, па и во многу приватни фирми ретко кој од вработените ги носи постојано. Граѓаните во голем број прележаа ковид, дел се вакцинираа, примаат и бустер дози, така што ризикот со зараза со ковид е сведен на минимум. Затоа сметаме дека е доста со носењето маски во училиштата, велат од родителските одбори во неколку скопски основни училишта.  

И министерот за образование, Јетон Шаќири уште минатата недела изјави дека секоја препорака од Комисијата е добредојдена.

- Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основното образование не се потребни, јас ја прифаќам таа препорака, изјави министерот Шаќири.

Што се однесува пак до високото образовани, владиниот Кризен штаб, во петокот донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести