Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учениците ги враќаат учебниците, познати цените за плаќање на оштетените

Учениците ги враќаат учебниците, познати цените за плаќање на оштетените

Учениците во текот на минатата и оваа недела ги враќаат позајмените бесплатни учебници во училиштата, а во меѓувреме Министерството за образование ги објави новите цени кои треба родителите да ги платат доколку има оптетени при раздолжувањето.

Евидентно е дека цените за оштетени учебници во основното образование за училишната година 2018/2019 се намалени во однос на минатата кога министерството претрпе критики дека тие се мошне високи и нереални. Така овој пат, учебник по математика за шестто одделение од 522 денари е намален на 436, додека учебник по биологија од 654 е намален на 507 денари. Ова се однесува на цените на оние кои подлежат на програмата „Кембриџ“. Учебниците за изучување странски јазик и од домашни автори како музичко, историја итн., се поскапени. 

Кај гимназиското средно образование поскапени се сите учебници, освен неколку како што се музичко воспитување, спорт и спортски активности, вовед во правото, социологија, биологија или пак физика за четврта година, како и некои странски јазици.

Цените на оние од стручните предмети остануваат релиси непроменети во однос на претходната година.

Ценовниците може да се видат на следниот линк 

Слично

Поврзани вести