УЧЕНИЦИ ЗАТРУЕНИ СО ХРАНА ВО ВЛАЕ: Инспекциски надзор во кујната на ОУ „Димо Хаџи Димов“
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.
Акцијата следи по утринското известување дека повеќе ученици се пожалиле на стомачни болки. За да се утврди евентуалниот извор на труење со храна, кујната е привремено затворена.
Според АХВ, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и ќе се земат мостри од храна, работни површини и прибор за лабораториско тестирање. По завршување на контролата, јавноста ќе биде информирана за резултатите и изречените мерки.
Слично
