Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученици во Градско нападнале соученик и му го скинале долниот веш, детето не оди на училиште

Ученици во Градско нападнале соученик и му го скинале долниот веш, детето не оди на училиште

Одличен ученик во Градско три недели не оди во училиште поради врсничко насилство.

Двајца деветоодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование, пренесува „Дума“. Првпат тоа се случило на четврти, а втор пат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребатини на телото.

Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и со категоричен став дека повеќе нема да оди на училиште им раскажало на родителите дека на 11 ноември неговите двајца соученици го влечеле и кон ходникот кој во моментот бил празен. По последната доживеана траума ова момче трета недела не оди на училиште затоа што се плаши дека повторно ќе биде нападнато и омаловажувано.

Повеќе случаи на насилство имаше во Србија, а воедно ученици малтретираа професорка во Трстеник, поради што наставата е прекината и државата мора да најде решение за проблемот. 

Слично

Поврзани вести