Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученици се тепале, се снимиле и се објавиле на социјалните мрежи

Ученици се тепале, се снимиле и се објавиле на социјалните мрежи

Тинејџери од Битола се тепале во училишен двор, а снимка од тепачката завршила на социјалните мрежи. 

Две момчиња од Битола се тепале во двор од средно училиште во градот.

„На 22.02.2023 во СВР Битола, во присуство на родители и претставници од Центарот за социјални работи Битола, бил извршен службен разговор со двајца 15-годишници од Битола. Тие, на 22.03.2023 во двор на средно училиште во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а настанот бил сниман и споделен на социјалните мрежи“, велат од полицијата.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава. И претходните години имаше повеќе инциденти со врсничко насилство во земјава. 

Слично

Поврзани вести