Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ученици од скопска гимназија не одат на настава затоа што им пропаднала екскурзија во странство

Ученици од скопска гимназија не одат на настава затоа што им пропаднала екскурзија во странство


Учениците од трета година од скопската гимназија „Орце Николов“ во знак на револт денеска не дошле на настава поради тоа што им пропаднала екскурзија во странство, објави Телма.

Државниот просветен инспекторат го поништил патувањето низ Европа затоа што имало технички пропусти во документацијата по што избило огромно незадоволство кај тинејџерите.

Учениците требало да тргнат итре на екскурзија од шест дена, а одлуката за поништувањето била објавена пред два дена, потврдил директорот на гимназијата за телевизијата.

Проблемот се случил откако недостасувале потписи од комисијата за евалуација на понудата и од родителскиот совет, а од инспекторатот како виновен пак го посочиле директорот.

Слично

Поврзани вести