Ученичка со нож нападнала соученик во Струга
Во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, ученичка со нож нападнала соученик во дворот на училиштето.
Портпаролот Стефан Димоски соопшти дека настанот се случил вчера околу 9 часот.
„А. М. (19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето „Нико Нестор“ со остар предмет го нападнала соученикот Е. К. (19) од Струга“, изјави Димоски.
Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријавa.
Слично
