УБК добила дозвола од Ерисксон за увид во опремата, СЈО има пристап
Управата за безбедност и контраразузнавање за целосен пристап на обвинителите и истражителите во опремата за прислушкување побарале дозвола од производителот Ериксон кој доцна вечерва ја доставил, пренесува Нова ТВ.
Токму на овој начин СЈО ќе може да изврши увид во системот за прислушкување и следење на комуникациите, како и да ги продолжи истражните дејствија со повеќе активности на УБК.
Претходно СЈО објави драматично соопштение дека се спремни и да дежураат цела вечер во УБК се додека не добијат пристап обвинувајќи дека воспоставената соработка потоа била прекината од самиот директор, а при увидот биле присутни началникот Митко Чавков и заменскиот министер од МВР Оливер Андонов.
Од друга страна пак, СЈО беше обвинето дека нема целосна судска наредба и дозвола за вршење истражни дејствија.
