Убиството на младиот Ангел Петковски за кое Ештрефи доби 14 годишна затворска казна, ќе се реконструира
Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен, јави МИА.
Судењето против обвинетитот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на потворно одлучување.
Претходно обвинетитиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која беше потврдена од скопската апелација.
Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
