Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Убиство во тетовско Боговиње:  Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Секторот за внатрешни работи обезбеди дополнителни информации во врска со денешното убиство во Боговиње. Осомничениот за убиството е идентификуван и уапсен, се работи за 50-годишниот М.М. од ова село, додека жртвата е 47-годишен маж со иницијали А.Ј.

„Денеска (02.06.2024 година) во 10,30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, кој управувал автомобил „БМВ“ со регистарски ознаки на Тетово. Се сомничи дека околу 10.15 часот во хотелски објект во село Боговиње со огнено оружје го убил лицето А.Ј (47) од истото село со кое имале меѓусебно нетрпение“, објасви МВР

При контрола на возилото била пронајдена автоматска пушка. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. На местото на настанот се Јавен обвинител и полициски службеници кои вршат увид.

Според Обвинителството, на местото имало и други лица кои присуствувале во угостителскиот објект, каде што уапсениот пукал по вербална расправа со убиениот.

Слично

Поврзани вести